По заминувањето на контроверзниот ракометен стручњак Веселин Вујовиќ од клупата на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб, челниците на клубот тргнаа во потрага по нов тренер.

Вујо (59) го напушти клубот по само осум месеци со образложение дека има приватни проблеми кои не може да ги реши доколку не биде присутен во Србија.

Една недела подоцна клубот ја најде неговата замена, а официјално ќе биде претставена на први јуни. Во игра останаа само двајца кандидати од кои едниот има големо искуство и веќе работел во ППД Загреб. Станува збор за Игор Вори и Ивица Обрван.

-По изненадувачкото заминување на Веселин Вујовиќ, управата на клубот беше принудена под итно да најде нов тренер за побрзо да направи план и програма за летните подготовки, бидејќи играчите се на привремен одмор. По направениот разговор двајца кандидати останаа во игра, а одлуката кој ќе биде тренер ќе биде донесена наредната недела, се вели во соопштението на клубот.

Во понеделник управата на клубот ќе донесе одлука за нов главен тренер на ракометниот клуб ППД Загреб, Игор Вори е иконата на клубот, а Ивица Обрван беше тренер во Франција, но и слектор на македонската ракометна репрезентација.