Двајца загинати во несреќа при тестирање на електричен автомобил/ВИДЕО

701

Двајца тест-возачи загинаа во ужасна несреќа при пад на тест-автомобил од паркинг на трет кат во зграда во Шангај.

Тест-автомобилот е од кинескиот производител на електрични автомобили „Нио“, или уште познат како, „кинеска Тесла“.

Просторот на третиот кат од кој падна автомобилот е опишан како изложбен простор и простор за тестирање.