Давид Темелков, кој беше финалист во Икс-фактор“, кој освен што се занимава со пеење  пишува и песни. Од друга страна неговиот волшебен глас, кој е резултат на неговиот талент, стана забележан не само во Македонија туку и во Хрватска и Србија, а пред некое време го објави својот прв албум „Дишам за нас” и тоа за двете најпознати издавачки куќи Хит рекордс и Сити рекордс.

„Мило ми е што по неколку години работа, конечно в рака држам нешто опипливо, нешто што се надевам дека ќе допре до слушателите, мојот албум првенец. Албумот носи наслов „Дишам за нас” и содржи 12 композиции. Чест ми е што зад мене и овој Албум стојат двете најеминентни издавачки куќи на Балканот, Хит рекордс (Хрватска) и Сити рекордс (Србија), кои се трудат овој албум да го пронајде своето место под сонцето и допре до пошироката публика“ – изјави Давид за весникот „Вечер“.

Давид Темелков со неговиот првенец

Но, она што го окарактеризира овој албум е тоа што е темелен на вистински приказни од животот на пејачот Давид.

Посебно ми е мило што секоја песна е искрена, творена и пишувана за мене, темелена на вистинска приказна од мојот живот, затоа и секоја од нив ми е посебно и подеднакво драга – додаде пејачот.

Љубовта и тоа онаа вистинската се еден од мотивирачките фактори за неговата инспирација преточена во стихови. А тој вели дека не постои далечина која би не одделила од саканата личност.

Успешниот пејач

„Верувам во љубовта, во онаа вистинската, исконската, онаа за која вреди да се пишуваат стихови, и верувам дека во секој од нас се крие истата. За вистинска љубов се потребни храброст и чисто срце, макар и кога љубовта е на далечина. Верувам дека не постои доволно голема далечина да не оддалечи од саканата личност, бидејќи вистинската љубов ја носиме во срцето, секогаш со нас“ – додаде Давид.

А на крај Давид им испрати голем поздрав на читателите на весникот ВЕЧЕР и кажа дека со задоволство чека повторно да ја изненади својата публика со некој интересен проект со кој ќе се стоплат срцата на верниците во љубовта.

(Маја. А)