Дваесетгодишно момче почина по пукање во Сарај

59

Дваесетгодишно момче им подлегна на повредите здобиени во оружен напад што се случил синоќа на влезот од село Шишево, кај Сарај, во кој е повредено уште едно лице.

Како што соопшти МВР, ноќеска околу 02 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево.

-Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии. На влезот во с.Шишево возилото „мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилата и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.