Да ја оставите мојата фамилија на мира!

157

Фудбалерите на Лацио го запишаа и третиот пораз во низа и со тоа ставија крај на сите надежи дека можат да бидат сензационални освојувачи на популарното „Скудето“. После врелиот шамар од Милан (0:3) и минималниот пораз од можниот второлигаш Лече (2:1), четата на Симоне Инзаги со идентичен резултат (2:1) загуби од гостинскиот тим на Сасуоло.

Италијанските медиуми пишуваат дека имало жолчна расправија помеѓу фудбалерите на крајот од натпреварот, а истите медиуми тврдат дека најдебелиот крај го извлекол напаѓачот на „светлосините“, Чиро Имобиле.

После дуелот на „Олимпико“, репрезентативецот на Италија беше најнавредуваниот фудбалер на Лацио на сите друштвени мрежи. Имобиле беше посочен како главен виновник за загубените шанси во борбата за шампионската титула.

  • Има навивачи кои имаат многу кратко памтење. Ве молам, да ме оставите мене и мојата фамилија на мира. Ако сакате да пишувате грди работи и да навредувате негого, слободно удрите по мене, директно на мене. Мојата фамилија нема ништо со тоа. Ви благодарам, напиша Имобиле на својот инстаграм профил.