Да се укине Законот за трговија на зелените пазари

140

Работењето на зелените пазари во изминатите десет години е регулирано со многу закони и прописи и станува беспредметно да постои посебен закон за трговија на зелени пазари затоа што тој не регулира ништо повеќе од она што е веќе регулирано, а дополнително наметнува обврски за закупците на тезги што не се познати во регионот и пошироко, велат од Стопанската комора на Македонија 

 

Целосно укинување на Законот за трговија на зелените пазари или интервенција во другите закони што ја регулираат дејноста, побараа од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија. Сметаат дека стапување на сила на овој закон, кој има одложена примена до 31 декември годинава, финансиски ќе ги оптовари закупците на тезги кои и така се соочуваат со пад на прометот од 10 до 15 проценти.

– Работењето на зелените пазари во изминатите десет години е регулирано со многу закони и прописи и станува беспредметно да постои посебен закон за трговија на зелени пазари затоа што тој не регулира ништо повеќе од она што е веќе регулирано, а дополнително наметнува обврски за закупците на тезги што не се познати во регионот и пошироко, велат од Стопанската комора на Македонија  – изјави на вчерашната прес-конференција Даниела Михајловска-Василевска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија.

 

Таа вели дека најголем проблем е предвиденото постоење на Комората на закупци на тезги, која не само што го обременува нивното работење со документација, туку дополнително прави проблеми од финансиски аспект, бидејќи повлекува финансиски трошоци на закупците на тезги кои се несоодветни и неприфатливи.

– Обременувањето на закупците на тезги директно ќе се одрази на работењето на организаторите на пазари – истакна Михајловска Василевска, пренесувајќи го ставот на  организаторите на пазари.

Според неа Групацијата на пазари смета дека треба да постојат лиценци, но лиценцирањето да  биде од некои од државните служби.

– Управата за јавни приходи има еден вид регистар за тоа кој се продава на зелените пазари. Управата има податоци на месечно ниво кој се има закупено тезги на пазарите и на тој начин се води евиденција. Потребно е само да се преформулира. Надвор од ова  станува беспредметно лиценцирањето и обременува – потенцираше Михајловска-Василевска.

Откако на предлог на група пратеници во февруари годинава Парламентот изгласа одложување на примената на новиот Закон, како што велат од Комората, воопшто не биле повикани на состанок или на каква било консултација. Во овој требаше да бидат направени одредени усогласувања додека трае одложената примена на Законот, но, според Михајловска Василевска, тоа не се случило.

– Заклучно со мај требаше да се донесат потребните подзаконски акти, но тоа не се случи, вршењето на јавните овластувања што требаше да се применува од јануари 2020 година не се доделени,  не е воспоставен регистарот каде треба да биде завршена целосната регистрација три месеци од почетокот на законот. Трговците веќе треба да имаат легитимација и да се определат условите како ќе може да се врши трговија на тезгите – наведе Михајловска Василевска.

 

Таа најави дека утре ќе имаат состанок со сите организатори на пазари и ќе со заедничкиот став се обратат до надлежните институции.

Според комората, сегашните законски решенија не го регулираат само предвиденото плаќање на придонесите за плата, но, како што велат, тоа може да се регулира со други закони, односно и без новиот Закон. За закупците, физички лица кои функционираат согласно со Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија фискализацијата е одложена до влез на земјава во Европската Унија.

 (А.П.)