Да се поништи актуелната сезона!

103

Само две победи го делат Ливерпул од шампионската титула која ја чека веќе 30 години, но се уште не се знае дали и кога ќе продолжи англиската Премиер лига која беше прекината изминатиот месец поради пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19.

Голем е бројот на тие кои сметаат дека доколку сезоната не биде продолжена, титулата треба да ја добие моментално првопласираниот тим на табелата, Ливерпул, но меѓу нив не е офанзивниот бек од редовите на Манчестер Јунајтед, Лук Шоу.

  • Да се поништи актуелната сезона и истата да ја играме од почеток. Да, од почеток. Ако не може да се доврши актуелната сезона, истата мора да биде поништена. Навивачите се најбитни, ние сме тука поради нив. Ако на стадионите нема навивачи, тогаш нема смисла да се игра фудбал. Нашите навивачи се феноменални, секогаш ни ја даваат потребната подршка и многу е полесно да се игра кога се тие со нас, изјави Шоу, а неговиот тим, Манчестер Јунајтед е моментално петопласиран и има дури 37 бода помалку од Ливерпул.

Пред неколку дена слична порака испратија и фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Сити, Хари Кејн и Кевин де Бруин.

  • Како фудбалер добро знам дека ќе имаме потреба од подготовки пред да ја продолжиме актуелната сезона. Ќе ни требаат три-четри недели за да се вратиме во посакуваната форма. Ако заиграме веднаш после шестнеделната пауза сите веднаш ќе се повредиме. Многу пари се во игра и се чека конечната одлука. Мислам дека ќе биде срамота ако се прекине актуелната сезона, но немаме избор ако проблемите се пренесат и во новата сезона, изјави Де Бруин, а Кејн порача дека Премиер лигата мора да заврши до последниот ден од месец јуни.

УЕФА од националните федерации побара да се доигра актуелната сезона, па дури ако треба да се игра и до крајот на август.