Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, но и голем шоумен, го распамети светски познатиот музички фестивал “Сан Ремо“. Тенисерот како ексклузивен гостин се појави на сцената на најновото издание на овој фестивал со кој Италијанците се гордеат и за кој многумина велат дека е попопуларен од “Песна на Евровизија“.

Можеби е и така бидејќи многу пејачи, а најмногу италијански, по победата на “Сан Ремо“ направиле светски кариери. Меѓу нив и мегапопуларниот Ерос Рамацоти. Токму со песната на Ерос “Una terra promessa”  Ѓоковиќ направи вистинско мини-шоу, а Ерос му порача дека наредниот пат ќе се потруди заедно да настапат на сцената и да испеат некоја негова песна.

Инаку, Ноле и Ерос приватно се многу добри другари, добро се познаваат, а сопругата на Ноле, Јелена, ги обожава песните на Ерос. Таа се наежи од радост, бидејќи настапот на својот Ноле го следеше во живо.

На лице место во гледалиштето на театарот “Аристон“, каде се одржа Интернационалниот фестивал на италијанската канцона “Сан Ремо 2020“ и кој донесе многу нови светски хитови.
Д.М. фото:Инстаграм