Поранешниот тренер на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Францис Рог, зборуваше за „големата тројка“ и навистина имаше што да кажа. Тој истакна дека неговиот поранешен пулен, исто како и Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роже Федерер, игра добро во зрелата фаза од кариерата, бидејќи сите заедно ја трчаат истата трка.

Рог вели дека се мотивираат едни со други и понекогаш знаат да отидат и над своите можности.

  • Тројцата заедно ја трчаат истата трка, се мотивираат едни со други. Најверојатно доколку Рафа не постоеше, Роже уште пред пет години ќе ја завршеше кариерата. Но, токму заради тоа мислам дека тие едни со други прават да бидат подобри и подобри. Амбицијата е огромна. Понекогаш го гледаме Рафа колку е среќен, дури и кога ќе освои турнир од АТП 250 серијата, изјави Рог.

Тој истакна и дека на Надал не му недостасува мотивација.

  • Можете да видите колку тој сака да победува. Дури и кога имаше 12-13 грен-слем титули, тој играше мали турнири и беше среќен, заврши Францис.