Да и кажеш на Ванда повеќе да не збори за мене!

101

Франко Ордине, познатиот италијански новинар, тврди дека Маруо Икарди останал без капитенската лента поради конфликтот со хрватскиот интернационалец, Иван Перишиќ.

Сопругата на Икарди, која истовремено е и негов агент, Ванда Нара, пред неколку дена изјави дека крилниот напаѓач има личен проблем и поради таа причина сака да си замине од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер.

  • Разговарам со Марота околу новиот договор на Мауро и можам да ви кажам дека ми се допаѓа директорот како човек. Станува збор за господин и за искрена личност. Сите слушнавме како ја искоментира желбата на Перишиќ за промена на клупската средина. Збореше искрено и отворено. Сака да му помогне, но мора да мисли и на Интер. Не знам, можеби позади таа желба на Иван да си замине од Интер има некаков личен проблем, изјави Ванда Нара.

Близок извор до клубот откри дека Хрватот збеснал поради изјавата на Нара и со висок тон му се обратил на тимскиот колега.

  • Да и кажеш на својата сопруга никогаш повеќе да не збори за мене на телевизија. Дали ти е јасно?, гласела порката на Перишиќ упатена до Икарди.

Поради фактот дека Хрватот не е единствениот играч на Интер кој има проблем со Аргентинецот, клупските челници решија да му ја одземат капитенската лента и да му ја доделат на искусниот голман, Самир Хандановиќ.