Да е жив и здрав:маестро Џамбазов наполни 83 години, а синот Игор нешто му напишал!

234

Маестро Александар Џамбазов, таткото на Игор Џамбазов, пред некој ден наполни 83 години. Роденденот му го честиташе неговиот син, како и неговата фамилија, пријатели, колеги…..впрочем онака како што доликува. Синот Игор под фотографијата а, во врска со честитката шеговито напишал: „Среќен 38. роденден, маестро мој“!

А, ние на ФБ-профилот на маестро најдовме неколку преубави и интересни историски вредни фотографии на кои Александар е со легендарната Тереза Кесовија која исто така му го честита роденденот. Тереза и маестро Џамбазов уште од порано се и пријатели, а таа на еден од Скопските фестивали ја има испеано незаборвната песна, која е своевидна химна на градот, се вика “Охрид и јас”, песната која тој специјално за неа ја напишал. Инаку, Александар Џамбазов е роден во српското село Стапар (Војводина), а Музичката академија завршил во Белград. Роденденски честитки и од нас од “Вечер”!  Д.М.