Да го прославиме меѓународниот ден за запознавање со мршојадците

118

Зоолошката градина Скопје на седми септември поканува заедно да го прославиме меѓународниот ден за запознавање со мршојадците.

Сите посетители  во Зоолошката ќе имаат шанса на интересен начин да научат нешто повеќе за овие ретки и честопати заборавени птици, како и да се запознаат со мерките кои се преземаат за нивна заштита во регионот. Настанот е наменет за сите возрасти, а ќе се одржи веднаш до одделот за мршојадци и грабливи птици во Зоолошката градина.