Во текот на вториот грен слем турнир Ролан Гарос, Џон Мекинро, зборуваше за развојот на тенисот и употребата на новите технологии. Поранешниот светски тениски рекет број еден изјави за Радио Тајмс, дека би му бил досаден како играч доколку електрониката се користела за судење на поените во негово време.

Познато е дека АТП објави дека на линиските судии им дојде крајот и дека следната сезона сите натпревари ќе бидат без нив.

„Тенисот сега е еден од ретките спортови каде што не се потребни надворешни линиски судии. Ако ја имате таа опрема и е прецизна, зарем не е убаво да се знае дека е донесена вистинската одлука? Да ја имаше оваа технологија во мое време, јас би бил досаден играч, но исто така и повеќе би победувал, вели трикратниот шампион на Вимблдон.

Неговото ривалство со Швеѓанецот Бјорн Борг, често се опишува како „судир на оган и мраз“. Мекинро објасни како се обидел да го одржи тоа ривалство.

„Еднаш решив, откако го гледав како игра, во ред, сега ќе тренираш и ќе играш како Бјорн. Тоа беше пракса.“

Меѓусебе играа 14 пати и резултатот беше изедначен, а Џон призна дека и покрај ривалството никогаш немал проблеми со Борг.