Дајте си шанса за сродна душа и по педесетата година

109

 

Oдењето на „состанок“ може да биде застрашувачко без оглед колку години имате, особено ако некое време сте биле „надвор од игра“. Но, факт е дека разговорот со луѓе може и треба да биде забавна и одлична можност да ги проширите своите хоризонти. Првото нешто што треба да го знаете е дека повеќе не сте истата личност, како кога сте биле или сте имале дваесет години, а тоа значи дека нема да ве привлекува ниту истиот тип на личност што ве привлекувал кога сте биле помлади, вели Пепер Шварц, докторка и авторка на филмот “Prime”: Авантури и совети за сексот, љубовта и сензуалните години. За да ви биде полесно во светот на запознавањето и врските по педесеттите години, ви донесуваме факти што треба да ги земете предвид ако размислувате да влезете во нова врска.

Иако сајтовите за запознавање преку Интернет се многу популарни, тоа не значи дека треба да се откажете од традиционалниот начин. Деб Лаино, советник за врски од Делавер, препорачува пријателите или семејството да ве запознаат со потенцијални партнери или да одите на некои групни излегувања или забави. Ако поминало некое време откако не сте излегле на вечера или на состанок, нечие одбивање може да биде многу болно. Но, не го ставајте тоа на срце. „Луѓето ги отфрлаат луѓето од различни причини“, вели Лаино, додавајќи дека тоа е „понекогаш затоа што веќе имаат партнер за дружење, понекогаш затоа што претходно биле одбиени и сè уште се повредени“.

 

 

Не се предавајте по лош состанок, или по повеќе од еден. Има многу малку случаи во кои луѓето одат на прв состанок и ја наоѓаат својата сродна душа. Прифатете го фактот дека можеби ќе треба да излезете на неколку состаноци и да запознаете неколку мажи. Оставете го минатото зад себе Секој има одредено минато зад себе – од неуспешни обиди за врска, до скршени срца. Но, за да се вратите во светот на состаноците и врските треба да бидете подготвени да го оставите минатото зад себе и да не дозволите да ве вознемирува во иднина. Понекогаш луѓето мислат: „За жал, имам две деца и двапати бев разведен. Кој ќе ме посака?“. Секој има минато и „багаж“ од него. Имајте груба претстава за тоа што сакате и што ве интересира Ова важи за оние над педесет години, а особено за оние кои неодамна излегле од долга врска. Размислете што не функционирало во претходната врска, што сакате од идната врска, што сакате од вашиот партнер. Не мора да имате точна визија за вашиот заеднички живот, но важна е рамковна идеја за да не „губите време“. Многу луѓе се нервозни кога се подготвуваат за прв состанок со нова личност, а советот што Лаино сака да го усвоите е да изберете лесни теми за кои ќе разговарате. Истото важи и за телото, насмевнувајте се и седете исправено и со крената глава – покажете дека сте задоволни што дојдовте. Теми што треба да ги избегнувате на првата средба се поранешните љубови и децата. Основата на правата врска треба да биде „искра“ што ќе ве поврзе и ќе ве води понатаму. Затоа оставете ги сериозните разговори за подоцна. Дајте шанса на потенцијален нов партнер на три состаноци “Ако по три состаноци не сте забележале одредена карактеристика што ви се допаѓа, ако вашиот партнер не е добар слушател или ако ви недостасува нешто друго што е исклучително важно за вас – веројатно нема да го добиете или да го најдете по повеќе состаноци.

Друг добар совет е – дваесетминутен прв состанок или одење на кафе. За тие дваесет минути, ќе ви биде јасно – дали сакате да поминете повеќе време со него на почетокот или се чувствувате како тие минути да немаат крај “, вели Шварц.

Не дозволувајте неговиот шарм да ве одвлекува од неговите навики на трошење или од пријателите и семејството со кои едноставно не се чувствувате пријатно” , советува Шварц. Значи, најважно е да запомните дека скоро на сè е потребно малку време и напор. „Постојат многу луѓе кои ќе ве сакаат само за тоа што сте, па затоа не решавајте се за ништо помалку“, заклучува Шварц.