Дајана Китон: 35 години не сум била со маж

275

Актерката Дајана Китон по подолго време отворено проговоре за својот приватен живот и откри дека не излегла со маж повеќе од три децении.

-Да бидеме искрени, никогаш не ме канат да излеземе. Не сум излегла со маж околу 35 години, ја изненади јавноста со одговорот 73-годишната актерка и додека дека има многу мажи пријатели во својот живот, но дека не излегува со нив и нема ништо повеќе од бакнеж.

Дајана Китон во интервју за ИнСтајл призна дек никогаш не сакала да биде нечија сопруга.

-Мислам дека сум чудна. Не знам ништо и ништо посебно не научив за животот. Тоа што старееме не значи дека стануваме помудри, вели славната актерка која многумина ја паметат како Ени Хол, по улогата што ја обележа нејзината кариера.

-Имам 73 години и мислам дека сум единствената во мојата генерација којаизбра да биде сама целиот живот, рече актерката која имаше љубовни врски со Вуди Ален, Ворен Бити и Ал Пачино, но никогаш не зажали што не се омажи.