Датум за преговори со нови правила на игра

94

„Тоа што го слушнавме е дека Франција работи интензивно на подготвување на методологијата и се очекува многу бргу да ја претстави. Ако биде прифатена од сите други земји членки, затоа што некој може да не ја прифати таа методологијата, но ние работиме затоа што ја прифаќаме каква и да е, сѐ додека не е нешто помалку од полноправно членство. Патот до таму нека биде најригорозен, најусловуван, нека биде со риверзибилност…, Доколку во следните месеци биде усвоена методологијата, јас верувам дека во еден од следните самити нема веќе причина зошто да не почнеме со преговорите, но со нова методологија, што значи нови правила на игра“, рече Османи.