Дарко Фидановски, коосновач на „Арс Ламина“, и Сани – модел и моден новинар, гости-предавачи на Европски универзитет

861

На Факултетот за арт и дизајн во рамките на Европскиот универзитет во Скопје вчера гости-предавачи беа Дарко Фидановски, коосновач на издавачката куќа Арс Ламинакој говореше на тема „Графичкиот дизајн во рекламирањето и издаваштвото“, и Снежана БогдановскаСани – модел и моден новинар на тема „Од модел до моден новинар“.

Гостите на студентите се обидоа поблиску да им го прикажат нивниот пат до успехот и да им го пренесат нивното искуство. Нивната порака до студентите е дека покрај талентот потребно е многу работа за да успеат во она што сакаат да го работат во животот.

Дарко Фидановски, коосновач на издавачката куќа Арс Ламина, и на „Literatura.mk„ се осврна на неговите почетоци во графичкиот дизајн кога почнал да изработува визит-картички и дизајни на хартии. Потоа учествувал во изработката на графичкиот дизајн на изданието „Визија“, а потоа и во списанието за информатика „Поинтер“. Исто така, негово дело биле и рекламните плакати, постери и флаери на Клуб „Колосеум“, а еден од првите посериозни ангажмани му е изработката на визуелниот идентитет на Министерството за одбрана, како и изработката на „Орден за воени заслуги“, за кој бил избран на конкурс.

Така Фидановски станал познат по неговите дизајни и неговата работа се проширила. Следувале нови соработки со маркетот „Тинекс“, со „Дајнерс клуб“, модернизација на брендот „Чунга Лунга“, изработка на дизајнот на пакувањата на млекарница „Тетово“, како рекламите за „Рено“, „Нисан“, „Дачија“,…

Што се однесува до почетоците на „Арс Ламина“, Фидановски почнал со печатење на стручна литература, а потоа следувала книжарницата „Literatura.mk“ која започнала како онлајн книжарница.

Снежана Богдановска Сани – модел и моден новинар, која 35 години е на модната сцена говореше за нејзиниот пат од модел до моден новинар. Таа се осврна на нејзините модни почетоците во далечните 80-тите години и на нејзиното прво учество на „Модест“ во 1983 година.

– На прашањето зошто ја избрала модата, таа вели дека сите кои се занимаваат со некоја креативна дејност тоа го чувствуваат длабоко во себе. Тоа беше случај и со мене. Мојата прва желба беше да бидам моден креатор, истакна Сани во своето излагање и им порача на студентите да го следат својот сон кој нејзе и се остварил кога станала дел од првата култна екипа на манекенки во Македонија.

Таа се осврна и на нејзината емисија за модата во која таа ја анализирала модата од друг аспект, поради што ја нарекувале и моден критичар.

На предавањата присуствуваа ректорот на Европскиот Универзитет, проф. Д-р Јана Манева-Чупоска, деканот на Факултетот за арт и дизајн, Гордана Вренцоска и други професори, асистенти и студенти од Универзитетот.