Дара Бубамара раскина со своето 21-годишно момче, бизнисменот Тони, кој  два месеци пред неа беше со водителката на „Задругата“, Душица Јаковлевиќ.

Дара и Тони десет дена уживаа на Малдивите, а кога се вратија во Србија, секој тргна по својот пат. Тогаш Тони објави фотографија со Бубама како се вози на на скутер на вода и така потврди дека се во врска, но и заедно на летуње. Но, нивната љубов, се чини, немаше перспектива. Тие раскинаа неодамна, но останаа во коректен однос и се следат на социјалните мрежи, иако веќе едниот на другиот на си ги лајкнуваат објавите. Дара се врати на своите обврски, пред се на образованието на нејзиниот син, а тој на неговата работа.

Патем, оние кои го познаваат Тони велат дека тој е познат како некој што сака да им се додворува на познати дами, кои често ги носи на романтични патувања. Тој  на неговите социјални мрежи постојано се фали со луксузен живот. Често оди на далечни дестинации, вози луксузни автомобили, пие скапи пијалоци и јаде само ретки јадења што се нудат. Во описот на неговиот профил стои дека тој е инвеститор и претприемач и ништо повеќе од тоа. Многу познати старлети и пејачки го следат на социјалните мрежи и му ставаат лајкови на неговите фотографии. Меѓу нив е и Тијана Ајфон којa беше учесничка во „Парови“.