Ракометната репрезентација на Данска го искористи домашниот терен на европското првенство за жени и стигна до втората победа на шампионатот, откако во второто коло од А групата беше убедлива против Црна Гора со 28:19.

Во последното коло Данска ќе игра против Франција за првото место, додека Словенија и Црна Гора во директен дуел ќе одлучат за последниот патник во следната фаза.

Хрватска, пак е хит на првенството. По стартната победа над Унгарија, на четата на Хрватките налета и светскиот шампион Холандија од кого беа подобри со 27:25. Холанѓанките се наоѓаат во големи проблеми бидејќи ако во последното коло загубат од Унгарија тие ќе мора да го напуштат шампионатот уште по првата фаза.

Франција ја забележа втората победа откако ја прегази Словенија со 27:17. Актуелниот шампион уште од самиот старт покажа кој е кој и не му дозволи на противникот да се врати во мечот.