Премиерката на Норвешка, Ена Солберг, се сомнева дека нејзината земја ќе успее да пронајде модел по кој ќе може да биде организатор на Европското првенство за жени заедно со Данска, кое треба да почне на 3.декември.

Многу малку веројатно е дека Норвешка до 17. ноември, кога е крајниот рок од Европската ракометна федерација (ЕХФ), да каже дали ќе го организира првенството заедно со Данска, ќе најде модел за организација и дека ќе се откаже да биде домаќин на турнирот.

-Се уште работиме на пронаоѓање модел по кој ќе можеме да  организираме едно такво натпреварување, со толку многу гости, но има премногу индикатори кои кажуваат дека нема да можеме да го организираме шампионатот во нашата земја, изјави премиерката на Норвешка.

Проблемот лежи во тоа што мерките во Норвешка се многу построги од оние во Данска, па затоа е нереално да се очекува првенството да се одржи во две земји кои имаат различни правила во време на пандемијата со коронавирусот. Тоа практично значи дека Норвешка не би можела да го организира натпреварувањето доколку државата не ги олабави мерките за оваа прилика.

Од друга страна, Данска е подготвена сама да го организира првенството и целиот товар за шампионатот да го носи на својот грб, поточно да потроши повеќе пари од предвиденото во време на пандемија со коронавирусот.