Данска преку Норвешка до прво мундијалско злато

50

Ракометната репрезентација на Данска на домашен терен во преполната „Јиск Арена“ ја оправда фаворитската улога во финалето против Норвешка и со убедлив триумф (22:31) дојде до своето прво мундијалско злато во историјата.

Во првото скандинавско финале на Мундијалите, Данците беа немилосрдни кон Норвежаните. До историското злато, Данска дојде во својот четврти обид, по трите неуспешни финалиња во 1967, 2011 и 2013 година.

Триумфот на Данска во скандинавското финале е втора највисока победа во финалињата, по онаа на Шпанија токму над Данска во 2011 година, со 35-19.