Актуелниот светски шампион, ракометната репрезентација на Данска ќе ја брани титулата на Светското првенство во Египет, откако во драматично полуфинале го совлада европскиот шампион, селекцијата на Шпанија со 35:33 и договори скандинавско финале против Шведска.

Шведска ја надиграа Франција, а Данците на погон на Микел Хансен дојдоа до посакуван триумф. Шпанија беше немоќна, одбраната ѝ наликуваше на „швајцарско сирење“ ,а тоа на најдобар можен начин го искористија Данците за ново финале на светските првенства.

Данска во последното финале на СП 2019 ја совлада Норвешка (31:22). За Шведска настапот во мечот за златото ќе биде прв по 2001 година.