Ракометната селекција на Данска ја продолжува доминацијата во светскиот ракомет и испиша нова страница во историјата на оваа игра. Скандинавската селекција стана едиствената со три врзани титули од Светските првенства, откако во вечерашното големо финале со Франција славеше сигурна победа од 29-34.

Расмус Лауге одигра триесетина минути од овој натпревар и постигна неверојатни десет погодоци, еден помалку реализираше Питлик, а Гидсел броеше до шест, тројцата најзаслужни за оваа огромна победа за историја на данската репрезентација.

Македонските судии Начевски и Николов без грешка го отсудија големото финале во Стокхолм и уште еднаш докажаа зошто со години се при самиот светски врв.