Данската агенција за енергетика проценува дека оштетените гасоводи веќе се напола испразнети

46

Повеќе од половина од гасот од оштетените гасоводите „Северен тек-1“ и „Северен тек-2“ веќе е испуштен во водите на Балтичкото Море, соопшти данската Агенција за енергетика.

Агенцијата ДПА пренесува изјава на шефот на Агенцијата, Кристофер Боцау, кој вели дека истекувањето е толку обемно што според сегашното темпо се очекува двата гасаводи до в недела да бидат целосно испразнети.

Гасот што излегува главно е метан и според пресметките на данската агенција, неговото влијание врз климата е еквивалентно на третина од количните што се испуштаат во Данска за цела година.

Сепак од Агенцијата уверуваат дека не постои ризик по здравјето на населението, ниту за жителите на островот Борнхолм во Балтичкото Море.