Данке – Благодарам од државниот врв за одлуката на германскиот Бундестаг

69
Abgabe einer Regierungserkl‰ung durch Bundesfinanzminister Dr. Wolfgang Sch‰uble, CDU/CSU, MdB, w‰hrend der Sondersitzung zu den ESM Krediten f¸r Spanien. Abgeordnete, Sitzung, Europ‰ischer Rettungsschirm, EU, Euro, Finanzen, Finanzpolitik, Plenarsaal, ‹berblick, ‹bersicht Ordnun

Државниот врв преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на германскиот Буднестаг кој вчера гласаше за отворање на преговорите на нашата држава со Европската унија.

Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Твитер профил се заблагодари за поддршката од Бундестагот.

– Danke Deutschland. Со големо мнозинство гласови „за“ пратениците во германскиот Бундестаг дадоа зелено светло за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, напиша Пендаровски на својот Твитер профил.

Премиерот Зоран Заев, кој е во Њујорк на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, на својот Фејсбук профил заблагодарувајќи му се на Бундестагот оцени дека ова е голем поттик да продолжиме да работиме уште повеќе.

– Вечерва добивме прекрасна вест од Берлин. Бундестагот со огромно мнозинство даде поддршка за ЕУ да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија. Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел, напиша Заев на Фејсбук.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој лично во Берлин ја слушна одлуката од Бундестагот, и се заблагодари на Германија.

– 476 Po/За
122 Kunder/Против
16 Apstenim/Воздржани
Danke Deutchland, напиша Османи на официјалниот Фејсбук профил.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров се огласи на Твитер каде напиша дека Бундестагот покажал лидерство.

– Бундестагот покажа лидерство вечерва: светло зелено светло за преговори со ЕУ. Со признавањето на достигнувањата на Северна Македонија, тој не охрабрува да продолжиме напред и подобро. Ние исполнивме, вие исполнивте и ќе продолжиме да постигнуваме, пишува Димитров на Твитер.