Дани Димитровска е поп-пејачка со популарност која не ѝ опаѓа, без разлика што во ова време на пандемијата никаде не настапува, не пее. Специфична е во се, и во приватниот живот (инаку таа е мајка на 20-годишниот син Лазар), па и кога треба да ја коментира положбата на пејачите во Македонија. Таа е вистински борец!

– Ни велат дека музичарите не биле во системот. Тоа значи невалидни сме. Непостоечки. Штом не сме во системот значи немаме работнички права. А на секој музички работник и тоа како му е во прилог да биде легитимен и пред себе и пред системот.

Од осамостојување до ден-денешен, правата и одговорностите на работникот со професија сценско-музичка дејност, не се решени.
Музиката е професија. А на маргините е. А култура е, вели Дани која по се изгледа сака да се избори за работничките права на музичарите.                                              Дали ќе успее во ова исклучително тешко време, ќе видиме?    Д.М.