Данило се сели во Италија

56

Големите ривали од италијанската Серија А, Милан, Јувентус и Рома, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на бразилскиот гигант Палмеирас, Данило. Одличниот играч за врска веќе изјави дека Европа ќе биде следната дестинација, а бразилските медиуми открија дека победник во трката по неговиот потпис ќе биде првиот клуб кој ќе испрати понуда не помала од 15 мил. евра.