Искусниот дански ракометен стратег Ларс Валтер, ќе седи на клупата на битолскиот Еурофарм Пелистер.  Валтер (56) по повод назначувањето за нов тренер, испрати порака преку социјалните мрежи.

– Уште еден нов предизвик. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола, напиша данскиот тренер.

Валтер последниот ангажман го имаше во полскиот состав Пулави. Претходно работел во Флензбург, Порто, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, Баја Маре, Горење и во неколку екипи во неговата татковина.