Данела Арсовска: Скопје ќе биде град на среќни луѓе

106

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска денеска го оствари своето право на глас на Локалните избори на гласачкото место во општина Ѓорче Петров.

Заедно со семејството гласавме на локалните избори и се надевам дека ќе донесеме убава промена за градот Скопје и една убава промена за она кое што сметаме дека Скопје ќе биде град на среќни луѓе, изјави Арсовска по гласањето.

Таа упати порака до граѓаните да го искористат правото на глас.

-Би сакала во оваа прилика да им се заблагодарам на сите скопјани кои ме поддржаа и би сакала да ги охрабрам денеска да го искористат своето право да го одберат оној човек за кој сметаат дека најдобро ќе придонесе во следните години Скопје да биде поубаво место за живеење, истакна Арсовска.