„Дамата“ се одлучи за Муриел

90

Колумбискиот интернационалец од редовите на калчолигашот Аталанта, Луис Муриел, треба да биде најновата милионска аквизиција на најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус. Раководните лица на „старата дама“ се во потрага по напаѓач кој ќе биде идеален партнер за српскиот интернационалец Душан Влаховиќ. Муриел ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели во Торино доколку официјалната понуда не биде помала од 15 мил. евра.