Дамата преговара со Санчез

81

Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на старо-новиот шампион, екипата на Јувентус, пред неколку дена имале средба со агентот на чилеанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.

Крилниот напаѓач сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок и тоа на првиот клуб кој ќе испрати понуда не помала од 25 мил. евра. Голем проблем за Јувентус ќе биде неделната плата, затоа што Санчез моментално заработува околу 350.000 фунти.