Дамата опседната со СМС

96

Најдоброто од Италија, тимот на Јувентус, повторно ќе се обиде да ги осигура услугите на српскиот интернационалец од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Раководните лица на „старата дама“ веќе две години се обидуваат да го осигурат услугите на одличниот играч за врска но никако да најдат заеднички јазик со претседателот на „светлосините“, Клаудио Лотито. Според Лотито, СМС вреди 150 мил. евра, додека Јувентус е подготвен да одвои околу 80 мил. евра за обесштетувањето.