„Дамата“ го мерка и Жезус

20

Бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, е најновата желба на раководните лица на италијанскиот калчо гигант Јувентус. Поради скромната минутажа која ја имаше во изминатата сезона, искусниот напаѓач сериозно размислува за промена на клупската средина, но најавениот трансфер во Торино ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.