„Дамата“ брка дури 11 фудбалери

136

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ ја палсираше и информацијата дека актуелниот шампион, екипата на Јувентус, планира на крајот од актуелната сезона да стави крај на соработката со дури 11 фудбалери. За време на последниот состанок, клупските челници и предводникот на „старата дама“, Маурицио Сари, одлучиле на трансфер листата да бидат ставени: Миралем Пјаниќ, Матија Перин, Марко Пјаца, Даниеле Ругани, Лука Пелегрини, Матија Де Шиљо, Кристијан Ромеро, Адриен Рабио, Гонзало Игуаин, Роландо Мандрагон и Стеф Мавидиди, кој моментално настапува за вториот тим на Јувентус.

Еден дел од тие фудбалери треба да бидат продадени, а еден дел да бидат дел од некаква размена со некој друг фудбалер. Истиот медиум информира дека на списокот можно е да се најде и бразилскиот интернационалец Даглас Коста, кој постојано е повреден и не ги исполнува големите очекувања на клупските челници.

Со продажбата на фудбалерите, „старата дама“ ќе ја добие потребната финансиска моќ и ќе го обезбеди потребниот простор за ангажирање на новите засилувања. Шефот на стручниот штаб сака во новата сезона да соработува и со Пол Погба, Сандро Тонали, Хосем Аоуро и Вилијам Боргеш.