Корпорацијата „McDonald’s“, која има синџир на ресторани во речиси секоја држава во светот, се враќа во Македонија по цели осум години од затворањето на тукашните ресторани.

Македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции, па се чини дека и „McDonald’s“, кој располага со повеќе од 31.000 ресторани низ светот, ќе се прошири и на територијата на нашава земја.

Иако постојат бројни ресторани за брза храна во Македонија, за многумина „McDonald’s“ беше и остана омилено место, а ова значи дека ќе имаат шанса повторно да ги доживеат незаборавните минати искуства.