Речиси и нема фудбалски навивач во светот кој не е запознаен со ликот и делото на Лариса Рикелме. Оваа згодна парагвајска навивачка стана планетарно популарна на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, кога фоторепортерите направија серија заводливи фотографии од неа.

Сигурно за многумина првата асоцијација со споменатата млада дама е нејзиното појавување во деколте маичка во боите на нејзината земја, со мобилен телефон меѓу градите.

После тоа, нејзините фотографии молскавично почнаа да се споделуваат на интернет и социјалните мрежи, а пребарувањата со нејзиното име на интернет отидоа до небо.

Лариса Рикелме знаеше да заработи од стекнатата популарност преку ноќ, бидејќи набргу потоа се појави и на насловната страница на магазинот „Плејбој“ и стана заштитно лице на бројни брендови кои решија да ги рекламира.

Од фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи се гледа дека добро се грижи за своето тело и дека навистина е во одлична форма.