epa10274325 British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes-AMG Petronas reacts after taking third place during the qualifying session of the Formula One Grand Prix of the Mexico City at the Circuit of Hermanos Rodriguez in Mexico City, Mexico, 29 October 2022. The Formula One Grand Prix of the Mexico City takes place on 30 October 2022 at the Circuit of Hermanos Rodriguez. EPA-EFE/JOSE MENDEZ

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон го одложува потпишувањето на новиот договор со Мерцедес, што најверојатно ќе се случи во текот на сезоната.

Причината за ова е што Британецот сака да види на што ќе биде способен новиот болид на тимот В14, за да не се повтори фијаското од 2022 година, кога Мерцедес од старт беше во подредена позиција во однос на Ред Бул и Ферари, па тимот однесе само една победа во текот на годината.

Актуелниот договор на Хамилтон со Мерцедес е до крајот на оваа година, а тој и тимскиот шеф Тото Волф неколку пати изјавија дека немаат намера да ги одложуваат преговорите и дека се очекува новиот договор да стане факт на крајот од зимската пауза. Во медиумите дури имаше информации за парите кои Хамилтон ќе ги добие според новиот договор, но од тимот објаснија дека вистинските преговори всушност се уште не се започнати.

Мерцедес инсистира новиот договор да биде потпишан што побрзо, за да се обезбеди стабилност на возачот во следните неколку сезони. Од друга страна, Луис сака да види како ќе се одвива стартот и како ќе се одвива новиот циклус на развој на болидот на Мерцедес, бидејќи според него W13 не треба да остане долго во новиот болид.

Информациите на „London Insider“, кој повторно не е најсигурен извор на информации, ги потврдија неколку радио станици на Островот и се сомневаат дека целата приказна од Брекли сепак е вистинита. Згора на сето ова имаше и потврда од извори блиски до Хамилтон.

Сезоната 2022 година се покажа како најнеуспешна во Ф1 кариерата на Хамилтон, со фактот дека тој не стигна до победа и дека неговиот клубски колега Џорџ Расел собра повеќе поени од него.