Дали учениците се безбедни: Во недела во училниците ќе се гласа, а да се исчисти – кога ќе се стаса?!

219

Колку и дали ќе бидат безбедни учениците, наставниците (и училишниот персонал) кога на 18 октомври, ден по Локалните избори 2021 ќе зачекорат во училниците и ќе седнат во училишните клупи? На прашањата на весникот ВЕЧЕР дали постои протокол кој ќе биде спроведен по изборниот процес во училиштата и училниците каде на изборниот ден (17 октомври) во најголем дел ќе се одвива гласањето и ќе има голем број на гласачи, изборни одбори и комисии и дали наредниот ден учениците и наставниците ќе бидат безбедни, со оглед на краткиот период за проветрување на просториите и за дезинфекција, надлежните без одговор. 

Од Министерството за образование и наука само кусо информираа дека изборите не се во нивна надлежност и организација и упатија на Државната изборна комисија, од каде пак одговор на ова прашање не добивме. Во Косово, на пример, има предлог првиот ден по локалните избори во оваа земја (исто така на 17 октомври) да не се одржува настава со цел да се намали ризикот од зараза од коронавирус кај учениците и наставниците.

Колку и дали ќе бидат безбедни учениците, наставниците (и училишниот персонал) кога на 18 октомври, ден по Локалните избори 2021 ќе зачекорат во училниците и ќе седнат во училишните клупи? На прашањата на весникот ВЕЧЕР дали постои протокол кој ќе биде спроведен по изборниот процес во училиштата и училниците каде на изборниот ден (17 октомври) во најголем дел ќе се одвива гласањето и ќе има голем број на гласачи, изборни одбори и комисии и дали наредниот ден учениците и наставниците ќе бидат безбедни, со оглед на краткиот период за проветрување на просториите и за дезинфекција, надлежните без одговор.

Од Министерството за образование и наука со кус одговор дека изборите не се во нивна надлежност и организација и нè упатија одговор да побараме во Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија, пак, до затворањето на весникот не стигнаа да ни дадат одговор, иако нашето прашање го испративме навреме и го препраќавме на неколку мејл адреси во оваа институција.

Останува да се прашаме дали надлежните воопшто размислувале за протоколи со кои ќе ги заштитат учениците и наставниците со оглед на фактот дека иако изборниот процес за гласачите завршува во 19 часот, просториите, најчесто училниците се користат уште неколку часa потоа заради пребројување на гласачките ливчиња. Со тоа останува нејасно кога и дали би се проветриле училниците и сите останати простории во училиштата и кога би се извршила дезинфекција во периодот, ноќта што останува до почетокот на наредниот училишен ден.

Во Косово, пак, има предлог првиот ден по локалните избори во оваа земја (исто така на 17 октомври) да не се одржува настава со цел да се намали ризикот од зараза од коронавирус кај учениците и наставниците.

Поранешниот заменик-министер за образование на Косово, Јусуф Тачи смета дека идниот понеделник, 18 октомври, односно дента по одржувањето на локалните избори, не треба да се одржи настава во училиштата, со цел училишните простории да се дезинфицираат. Тачи на својата страница на Фејсбук напишал дека на тој начин би се намалиле можностите од зараза на учениците, наставниците и другиот персонал во училиштата. „Поради големата раздвиженост на луѓето на денот на изборите на 17 октомври 2021, како што препорачуваат и општините, в понеделник, на 18 октомври, не треба да се одржи наставата во училиштата, со цел училишните простории да се проветрат, да се исчистат и да се дезинфицираат и на тој начин да се минимизира можноста од зараза на учениците, наставниците и другиот персонал во училиштата“, посочил Тачи. Претходно, истото барање до Министерството за образование го поднела и Асоцијацијата на општини на Косово. (Н.И.Т.)