Новиот сој на коронавирусот – омикрон, може да се покаже како „божиќен подарок“, под услов да предизвика поблага клиничка слика, тврди германски епидемиолог.

Изјавата доаѓа еден ден откако јужноафриканските лекари објавија дека засега најновата варијанта на ковид-19 предизвикува помалку сериозни симптоми, како што се главоболки и замор. Исто така, се наведува дека омикрон не довел до хоспитализација или смрт.

Сепак, истражувањето на оваа варијанта е сè уште во многу рана фаза, наведуваат од СЗО.

Од друга страна, професорот Карл Лаутербах, епидемиолог, кој има амбиции да биде следниот германски министер за здравство, изјави дека според првите достапни податоци, омикрон би можел да биде „божиќен подарок“ што дури може да го забрза крајот на пандемијата. Тој својата тезата ја поткрепува со фактот дека голем број мутации може да значат дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и сега би можел да биде помалку смртоносен, додавајќи дека тоа е во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси.

Уште еден професор ја поддржа оваа теза. Пол Хантер, германски експерт за заразни болести, исто така рече дека високите нивоа на претходни инфекции и вакцини може да обезбедат заштита од новиот вид. Ова, повторно, би бил позитивен знак бидејќи би покажал дека мутираната варијанта не е целосно непрепознатлива за имунолошкиот систем на луѓето кои биле вакцинирани или биле изложени на коронавирусот, пренесува Индекс.хр.