Главниот град останува најважниот „трофеј“ и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ како место кое може да биде клучно за крајниот исход на локалните избори, но и за натамошната поставеност  на политичкото милје во земјава. Во првиот круг  независниот кандидат  поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска освои 8 илјади гласа повеќе од  кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, Но, главните претенденти за тронот на Скопје  во вториот круг започнуваат од нула и нормално и  двајцата веруваат во победа. Според аналитичарите  токму Скопје ќе биде место  кое може да биде и клучно за крајниот исход на локалните избори.

 

На три дена пред почнување на изборниот молк, политичките партии се” пуштија на најјкако” во акцијата наречена “освојување на гласови” и победа на овие локални избори. И  власта и опозицијата најавуваат победа во вториот круг.

Во недела ќе се гласа во вкупно 44 општини. Досега избрани се градоначалници на 21 општина од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ , девет од коалицијата на СДСМ , додека ДУИ доби градоначалници во две општини. Во првиот круг градоначалник доби и Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ , меѓутоа за оваа општина има поднесено приговор, исто како и за Пласница каде што победи кандидатот од ДУИ.

Главниот град останува најважниот „трофеј“ и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ како место кое може да биде клучно за крајниот исход на локалните избори, но и за натамошната поставеност  на политичкото милје во земјава. Во првиот круг  независниот кандидат  поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска освои 8 илјади гласа повеќе од  кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, Но, главните претенденти за тронот на Скопје  во вториот круг започнуваат од нула и нормално и  двајцата веруваат во победа. Според аналитичарите  токму Скопје ќе биде место  кое може да биде и клучно за крајниот исход на локалните избори. Со ваквата политичка поставеност неизбежни се предвремени парламентарни избори, смета  Владимир Божиновски, додека аналитичарот Петар  Арсовски смета дека  се уште е рано да се зборува за евентуално ново парламентарно мнозинство или предвремени избори

Дали Скопје ќе му пресуди на Заев? Лидерот на СДСМ и актуелен премиер и вчера, по кој знае кој пат деновиве, повтори дека не прифаќа да е локомотива без Град Скопје.

– Изјавата дека не можам да ја водам владата доколку го загубиме Град Скопје на локалните избори е порака испратена генерално за мобилизација на народот во пресрет на вториот круг, бидејќи не можам да бидам локомотива ако имам спротивставени локални власти, вели  премиерот Зоран Заев. Но, и да успее да го задржи Скопје, владеењето на СДСМ ќе биде повеќе од комплицирано ако се земе предвид дека во Советот на Град Скопје најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ има најмногу советници , но никој нема мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори во Советот на Град Скопје освои 18 советнички места. Следува СДСМ со 12 советници, ДУИ со пет, Левица четири, двајца независни кандидати од „Зелен хуман град“, како и по двајца советници на коалициите Алијанса за Албанците и Алтернатива и ЛДП/ДОМ. Шареноликоста во Советите е присутна и во другите скопски општини.  СДСМ има советници во девет општини, ВМРО-ДПМНЕ и Левица во осум, ДУИ во пет, АА/А во четири, ЛДП/ДОМ, БЕСА и независни кандидатиски листи во две, додека ГРОМ, Сојуз на Ромите и РОМ во по една општина, покажуваат резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија за овие локални избори. .

Во Советот на Општина Аеродром советнички места имаат добиено три политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 14 , СДСМ – 8 и Левица – 5 советници.

Во Советот на Општина Бутел советнички места имаат пет политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 4, ДУИ – 3, АА/А – 1, Левица – 1 советничко место. Во Советот на Општина Гази Баба советници имаат четири политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 16, СДСМ – 7, Левица – 3, и ДУИ -1 советник.

Во Советот на Општина Ѓорче Петров советници имаат три политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 12, СДСМ – 8 и Левица – 3 советнички места. Во Советот на Општина Карпош советници имаат четири партии и една независна кандидатска листа, и тоа СДСМ – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 7, Левица – 4, ГРОМ – 2 и Група избирачи – Невена Георгиевска – 2 советници.Во Советот на Општина Кисела Вода советници имаат четири политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 12, СДСМ – 7, Левица – 3 и ЛДП/ДОМ – 1 советничко место.

Во Советот на Општина Сарај советници имаат три политички партии, и тоа ДУИ – 14, АА/А – 4 и БЕСА – 1 советник. Во Советот на Општина Центар советници имаат три политички парти и една независна кандидатска листа, и тоа СДСМ – 9, ВМРО-ДПМНЕ – 8, Левица – 3 и ГИ – „Шанса за Центар” – 3 советнички места.Во Советот на Општина Чаир советници имаат пет политички партии, и тоа ДУИ – 14, АА/А – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 3, СДСМ – 1 и БЕСА – 1 советник. Во Советот на Општина Шуто Оризари советници имаат седум политички партии, и тоа ЛДП/ДОМ – 4, ДУИ – 4, СДСМ – 4, АА/А – 2, Левица – 2, Сојуз на Ромите – 2 и РОМ-РОМЕСКЕ – 1 советничко место.