Дали по „арапската пролет“ на ред е „германската зима“?

196

Германските екстремисти се надеваат дека инфлацијата, а можеби и студените станови, ќе отворат нови теми за да придобијат нови поддржувачи.
На ова предупредија шефот на Канцеларијата за заштита на Уставот на Бранденбург, Јорг Милер и министерката за внатрешни работи, Нени Фесер.

„Екстремистите сонуваат за германска зима на незадоволство“, изјави Милер за неделникот „Велт ам Зонтаг“.

„Тие очекуваат дека енергетската криза и поскапувањата тешко ќе ги погодат луѓето и на тој начин ќе создадат соодветно расположение за идеи против државата“, додаде тој.

Милер во јули за „Шпигел“ изјави дека „внимателно следат што прават“ и предупреди дека „повеќето од луѓето кои се грижат пред следната пресметка на трошоците не се екстремисти и цел на интересите на службата за заштита на уставот“. Сличен страв во јули изрази и Фезер.

„Се разбира, постои закана дека оние кои негодуваа против демократијата за време на корона вирусот и често се усогласуваа со екстремистите ќе можат да го злоупотребат силниот пораст на цените како тема за мобилизација. Непријателите на демократијата секогаш чекаат некоја криза за да ја злоупотребат и поттикнат фантазијата за пропаст и сеење страв“, изјави таа за дневниотвесник Handelsblat.

„Се што ги обединуваше екстремистите за време на пандемските протести останува како заеднички именител – негирањето на демократијата и обидот да се поткопа довербата во државата“, додаде таа и истакна дека полицијата е подготвена „за можни нови протести“.