Дали помина и последниот воз за Роже Федерер?

188

Откажувањето на третиот грен слем турнир Вимблдон најмногу го погоди швајцарскиот тенисер Роже Федерер. Тој во трката за 21. грен слем трофеј најголемите шанси ги имаше токму на овој грен слем турнир.

Од 1887 гоодина Вимблдон е откажан само десет пати, а сега тоа е случај првпат уште од Втората светска војна, кога од 1939 година до 1945 не се играше Отвореното тениско првенство на Англија.

Федерер е осумкратен шампион на Вимблдон, наредната година во моментот на одржување на овој грен слем турнир ќе има 40 – години, но што е уште поважно тој се почесто е повреден, а во февруари годинава мораше да направи хирушка интервенција на коленото  по што планираше да се вратит токму на овој турнир.

На Австралија опен го мачеше повредата на грбот, а принудниот одмор заради пандемијата со коронавирусот добро ќе му дојде.

За време на паузата Федерер и неговата сопруга Мирка донираа милион франци за најзагрозените од коронавирусот, а најуспешниот тенисер во светот пласираше и видео како тренира во својот двор што само по себе кажува дека е во добро расположение.

Минатата година имаше историска шанса да се закити со совјот 21. грен слем трофеј, но не успеа иако во финалето на вимблдон имаше и меч топка против Србинот Новак Ѓоковиќ.  Федерер испадна во четвртфиналето на САД Опен, годинава планираше да игра на Ролан Гарос, прашање е дали и овој турнир ќе се одржи со оглед на ситуацијата која владее во Франција со коронавирусот, иако турнирот е закажан за во септември.

Федерер е осумкратен шампион на Вимблдон, наредната година во моментот на одржување на овој грен слем турнир ќе има 40 – години, но што е уште поважно тој се почесто е повреден, а во февруари годинава мораше да направи хирушка интервенција на коленото  по што планираше да се вратит токму на овој турнир.

Во случај турнирот да се одржи во предвидениот термин Федерер како и сите останати тенисери ќе имаат само една недела да се прилагодат од една на друга подлога. Ролан Гарос е закажан една недела по завршувањето на САД Опен оваа година.

Можно е Роже да го пропушти Ролан Гарос и да ги фрли сите карти на САД Опен, каде нема освоено титула од 2008 година, бидејќи има поголеми шанси на бетон, отколку на земјена подлога.

Наредната сезона најверојатно ќе виде и последна во кариерата на Федерер со оглед на тоа што во прашање е сезона во која ќе бидат одржани и Олимписките игри, а Швајцарецот ќе ги одигра само најголемите турнири.

Се шпекулира дека ќе игра само на грен слем турнирите и два мастерси и по еден турнир од категоријата 250 и 500 и дека ќе се опрости на Вимблдон и дека можно е да не игра ниту на Олимпискиот турнир.

Шесткратниот освојувач ма Австралија опен, осумкратниот на Вимблдон, петкратниот на САД Опен и еднократниот на Ролан Гарос, има вкупно 20 титули од големите турнири и најверојатно ќе има уште три можности дополнително да им победне на Надал и Ѓоковиќ, кои имаат 19 односно 17 грен слем титули.