Дали на Рада Манојловиќ ѝ се одмаздува некој моќен политичар?

321

Пејачката Рада Манојловиќ деновиве беше депортирана во Србија од Цирих, Швајцарија.

Судејќи според најновите информации, еден крајно моќен политичар наводно стоел зад целата работа.

„Минатата година, кога таа пееше во Цирих, моќен политичар ѝ се додворуваше и ја повика да дојде во неговото сепаре, што таа одби. Сега ѝ се одмаздува. Инаку, тој важи за ‘валкан’ човек и изгледа дека само чекаше можност да ѝ врати на Рада“, велат блиските на згодната Рада.

Но, пејачката сè уште не се огласила по ваквите шпекулации, освен тоа дека планира, наводно, да ја тужи швајцарската полиција за направената грешка.