Дали Марија Груевска, од „Ѕвездите на Гранд“, пак со змијата ќе ја остави публиката без здив? 

1121

Дилема…

Македонката Марија Груевска, која балканската публика ја запозна во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, не само со пеење, туку и со спектакуларни сценски настапи (особено со змијата), дефинитивно  ја напушти Македонија! Се отсели од татковината. По примерот на голем број млади луѓе!

-Живеам во Германија, но да бидам искрена, не ми се допаѓа. Размислувам да се вратам назад во Македонија, бидејќи според мене Балканот ми е најдобар, вели Марија. Но и не открива кои се причините поради кои замина за Германија, дали само поради подобра заработувачка?

Инаку, оваа згодна Битолчанка пред да се пресели во Германија, се омажи. Нејзиниот сопруг е момчето Синиша, фитнес инструктор.  И ако во Германија не пее професионално, таа подготвува две нови песни. Нестрплива е публиката во Македонија и во Србија, да ги слушне тие песни за кои е убедена дека оваа пролет и лето ќе станат хитови.  Д.М.