Тенискиот експерт Матс Виландер, го искоментира учеството на Британецот Енди Мареј на последниот грен слем турнир сезонава Ролан Гарос. Британскиот тенисер беше убедливо поразен од Стен Вавринка со 6:1, 6:3, 6:2, уште на стартот од турнирот по што веднаш се огласи Швеѓанецот.

  • Би сакал Енди Мареј да ни каже зошто е на терен и зошто на сите наш ни дава лажна надеж дека ќе се врати на старо, искрено сум загрижен за него. Се прашувам дали е тоа негово право? Зошто го прави тоа? Јас го направив тоа и погрешив, не морав да се вратам. Тоа беше мојата најголема грешка во кариерата, истакна Виландер и додаде:
  • Мареј мора да почне да почне да размислува за она што некогаш бил и да престане да мисли на себе. Мора да размисли дали има право да ги користи специјалните покани и да биде на терен, односно да им го зема местото на малдите играчи, заврши Швеѓанецот.

Мареј во кариерата има осовено три грен слем титули, два пати Вимблдон и еднаш САД Опен. Тој дури пет пати беше финалист на Австралија опен и еднап на Ролан Гарос.