Во бразилскa Амазониja свештениците можат да стапат во брак, a дали тоа ќе се примени и во останатиот дел од Римокатоличката црква?

Шингу, во државата Пара во Амазонија, една од најголемите римокатолички цркви во Бразил – опфаќа 365.000 километри квадратни, а повеќе од 70 отсто од 576.000 жители се католици, пишува Би-Би-Си.

Меѓутоа, во регионот служат помалку од 30 свештеници, што значи дека некои заедници ги гледаат само двапати годишно.

Шингу стана студија на случај за движење во рамките на црквата која се занимава со прашањето за недостигот на свештеници во оддалечените области – дозволувајќи им на оженетите мажи да бидат свештеници, што е спротивно на долгогодишните правила на целибатот во католицизмот.

Овој контроверзен предлог беше претставен во работниот документ објавен од црквата минатата недела и за него ќе стане збор на синодот на Амазон, состанок на бискупите што ќе се одржи во Рим во октомври.

Ова не е првпат Ватикан да дозволи свештениците да бидат женети – во 2009 година им ја отвори вратата на свештениците од Англика, кои ја напуштија црквата во Англија, главно поради тоа што не се согласуваат со нејзината политика кон жените и хомосексуалците.

И во некои источно-католички цркви свештениците можат да стапат во брак.

Без оглед на тоа, синодот на Амазон може да донесе значителна промена во католичката доктрина.

Без „опциски целибат“

Ова се чини дека ќе биде еден од многуте контроверзни моменти за време на мандатот на папата Франциск.

Папата, кој ја предводи црквата од 2013 година, веќе зборуваше за исклучоци од правилото за оддалечените области, иако жестоко го отфрли тоа што го нарече „опциски целибат“ како општо правило.

„Мојата одлука гласи: нема изборен целибат, рече папата Франциск во јануари.

„Јас нема да го дозволам тоа. Не можам да ја донесам оваа одлука пред Бог“.

Правилата важат во оддалечените подрачја

Предлог

Идејата што кружи во Ватикан е да се дозволи ограничена служба на постари мажи кои, според документот објавен минатата недела, „ги почитуваат и прифаќаат членови на нивната заедница, дури и ако веќе имаат стабилно семејство, за да обезбедат служба која го следи и одржува христијанскиот живот“.

Таквите мажи црквата ги дефинира како ресурси кои треба да се обидат – оженети луѓе со докажана доблест.

Амазонската шума опфаќа површина од 7,5 милиони километри квадратни во Бразил, Еквадор, Венецуела, Суринам, Перу, Колумбија, Боливија, Гвајана и Француска Гвајана и е најголемата прашума во светот.

Повеќе од 30 милиони луѓе живеат во регионот, главно католици.

Тоа е област која се карактеризира со логистички предизвици. Тие вклучуваат потреба да се патува со брод за да се стигне до оддалечени локации. Додека католичката црква им дозволува на ѓаконите да вршат ритуали, како што се крштевањето, само свештеници можат да исповедаат.

Тие барања не се дел од протестантската вера и тоа може да помогне во сфаќањето зошто евангелистичките цркви имаат се повеќе членови во Амазонија – процентот се искачи од 19,8 отсто на речиси 30 проценти помеѓу 2000 и 2010 година, според националните пописи.

– Во ниту еден случај не предлагаме крај на целибатот. Тврдиме дека водењето ритуали како што е причеста не треба да го извршуваат само мажи во целибат, наведува Ервин Каутлер, бискуп во Шингу, во писмен одговор за Би-Би-Си.

Древна пракса

„Ние сме против фактот дека заедниците треба да бидат исклучени поради недостиг на свештеници. Кој ќе одлучи да живее во целибат има право да го стори тоа. И има многу кои го избираат и се задоволни со тоа, додава Каутлер.

Но, целибатот не беше секогаш вообичаена практика во рамките на Римокатоличката црква. Првиот папа, Петар, бил оженет, како и другите апостоли. Целибатот како правило не бил наметнат се до 12. век.

Иако главниот аргумент беше да се гарантира целосна посветеност на свештениците, целибатот, исто така, имаше дополнителна корист – да се осигура дека децата или жените на свештениците немаат право на сопственост на имотот стекнат за време на свештеничкиот живот, така што него може да го задржи црквата.

Додека посебната одлука засега се однесува на Амазон, таа може да се прошири и на другите региони доколку се покаже успешна. Меѓутоа, на предлогот сериозно се противат католичките бискупи и тој може да го влоши незадоволството од напредните ставови на папата Франциск.

Недостиг во светот

„На конзервативните групи тоа воопшто нема да им се допадне, напиша во еден есеј минатата недела британскиот експерт за Ватикан Остин Иверејг, автор на две книги за папата Франциск.

Меѓутоа, Роки Палоши, надбискуп во Порто Веља, бискупија во бразилска Амазонија, тврди дека за црквата пресудно е „опуштање“ на правилата.

„Не можеме да ги игнорираме локалните тешкотии, вели тој, мислејќи на тоа дека 47 свештеници во Порто Веља треба да им служат на 950.000 жители.

Дали неговите колеги ќе ја прифатат промената тоа е друга приказна. Меѓутоа, недостигот на свештеници не е само проблем на оддалечените цркви.

Бројките базирани на официјалните податоци на Ватикан од Универзитетот Џорџтаун покажуваат дека бројот на свештеници ширум светот стагнира. Од 1970 година, има малку повеќе од 400.000 свештеници.

Во истиот период, глобалното католичко население скокна од 653,6 милиони на повеќе од 1,3 милијарди