Игор Џамбазов штотуку објавил слика со планинарката Илина Арсова со која е во Дојран во местото Сретеново. Среќни се (сред Сретеново) бидејќи не се веќе во изолација и што можат да прошетаат без да внимаваат на полицискиот час.
Но сите тие што ги среќаваат во Дојран ја шират приказната дека Игор и Илина се во голема љубов. Па што и да се, луѓето се сакаат. Време е на Игор, после Искра, пак да му се случи љубов, а можеби и брак. Токму и затоа Џамбазов под нивната заедничка слика напишал дека “слобода е во мода“.
Ние на ова би додале дека љубов никогаш не излегувала од мода. Само ако е искрена. А, за вистинските информации што навистина се случува помеѓу Игор и Илина, уште малку ќе причекаме да слушнеме, од нашите дојрански езерски извори….   Дуле М.