Дали е ова иднината на вакви собири? Прв концерт со социјална дистанца/ВИДЕО

145

„Првиот концерт со социјална дистанца“, како што го нарекоа организаторите, се одржа синоќа во Њукасл, Англија.

Сем Фендер имаше чест да биде првиот што настапи за време на пандемијата пред публика која стоеше во 500 оградени и поткренати метални платформи во кои може да се соберат помалку од десет луѓе, но од иста екипа.

На концертот имаше околу 2.500 луѓе, а во металните платформи имаше пијалоци, но и средства за дезинфекција и маски.

Судејќи според коментарите од социјалните мрежи, впечатоците се поделени, некои мислат дека просторот премногу е ограден, „како штала“, други пак, со нетрпение очекуваат на кој било начин да се реализираат концерти, и на ова гледаат како среќна околност што на овој начин нема турканици и гужви, а секој си има свое место.

Планот е да се продолжи со концерти на истото место, а следниот настап е на Ван Морисон.