Дали е можна пандемија на мајмунските сипаници?

200

Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека појавата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе се претвори во пандемија, рече официјалниот претставник, додавајќи дека сè уште не е јасно дали асимптоматските заразени луѓе можат да ја шират болеста.

Повеќе од 300 потврдени или сомнителни случаи на мајмунски сипаницаи беа откриени во мај. Тоа е обично поблага болест која се шири со близок контакт и предизвикува симптоми слични на треска и карактеристичен осип.

Повеќето случаи се пријавени во Европа наместо во Централна и Западна Африка, каде што вирусот е ендемичен. Засега нема потврдени смртни случаи.