Претседателката на Комисијата за спречување на комисија, Билјана Ивановска, по повикот од премиерот Зоран Заев до Антикорупциска да започне со чешлањето на имотната состојба и интересите на судството му порача на шефот на Владата дека тоа не може да се случи без однапред утврден план.

Ивановска му порача на Заев дека денес ќе добие одговор од ДКСК и дека годинава се работи на проверка на имотот на претставници од овој и претходниот владин состав, а за правосудниот систем ќе биде потребна претходна подготовка.

– Оваа година решивме да вршиме проверка на имотната состојба на ченовите на Владата, директорите на јавните претпријатија и членовите на парламентот. Доколку решиме да вршиме проверка во судството, ќе треба да се направи план и да се распределат секторите и активностите, но и опсегот на судии, бидејќи нивната бројка не е мала. Се работи за 600 судии, но тука се и поротници и обвинители, вели Ивановска.

Заев претходно во видео-обраќање побара од Антикорупциска како што се врши проверка на имотот и парите на сите членови на Владата во моментов, таа исто така да започне постапка на проверка на имотот и парите на судиите и обвинителите веднаш.

– Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш, рече Заев и додаде дека извршната власт на Антикорупциска и нуди помош со сите свои капацитети само да се провери детално имотната состојба на судиите и обвинителите, како и нивните семејства.